Заев и СДС на големо работат на планот комплетно да го партизираат судството во Македонија. Заев и СДС сакаат судство кое нема да ги гони нив за криминалите во кои се фатени на дело.
Според визијата на СДС во Македонија мора да има судство кое ќе спроведува само партиски нарачки и политички прогон на неистомислениците.
Затоа СДС максимално се труди во целост да го партизира судството и да го стави под своја контрола, исто како во 1997 година кога во една минута со една скандалозна одлука СДС промени 617 судии во Република Македонија.
Неоспорен доказ за ваквиот план на СДС е Фркчовистичкиот совет на т.н. реформи во судството преку кој Заев сака да овозможи поставување на свои слепи послушници кои ќе ги спроведуваат неговите нарачки. Него ќе го ослободуваат од вина за тешките криминали кои ги сторил, а ќе ги гонат без докази и факти неговите неистомисленици и ќе бараат притвори и затворски казни за нив.
Во овој совет за таа цел Заев ги постави лустрираниот Љубомир Фрчковски кој во режимот на СДС своевремено се занимаваше со политички местенки и прогони на луѓе само заради нивните политички определби. Тука е и претседателката на комисијата за политички систем на СДС, Маргарита Цаца Николовска за да го реформира судството според насоките на нејзиниот лидер.
Заев во овој совет за антиреформи ги намести и Гордан Калајџиев и Мирјана Најческа кои заедно со него фрлаа со боја врз државните институции.
Во советот за реформи нема ниту еден претседател на најголемите судови во Република Македонија, вклучувајќи го и претседателот на Врховниот суд.
Јасно е дека СДС нема намера да работи за подобра и независна судска власт, туку за судство кое ќе овозможи партијата да ја направи држава, а државата партија.
Зоран Заев не признава судство кое го гони него за случајот „Поткуп“ во кој е фатен на дело како бара стотици илјади евра од струмички бизнисмен.
Такво судство Заев сака да види во цела Македонија.
Овој совет на СДС има за цел целосно да го покори правниот систем, да ги понижи судиите и да ги натера да му се поклонуваат на Зоран Заев за да можат тој и партнерите непречено да го спроведуваат своето црно сценарио во Македонија преку режимот кој го инсталираат во моментов.
Граѓаните ќе го казнат ваквото тоталитарно однесување на антиреформаторите од СДС побргу отколку што Заев тоа го очекува.