СДС продолжува со акцијата за претворање на државата во партија, а партијата во држава.

По принципот „вработување партиски кадри од чистачка до директор“ кој Заев го најави како модел на владеење, СДС брутално ја партизира државата на сметка на професионалноста на државната администрација.

Доказ за тоа е смената на 1.500 членови на управни и надзорни одбори, десетиците случаи на незаконски и неосновано отпуштање вработени во администрацијата, притисокот врз професионалците во МВР и другите министерства врз кои се вршат мобинг и закани за отпуштање.

Јавноста е сведок како во институциите се вработуваат ќерки на коалициони партнери, братучеди, партиски војници, комичари, поети, твитер ликови, шарени револуционери и слични кои поседуваат партиска книшка на СДС, која пратениците на СДС ја нарекуваат втора лична карта.

За таа цел СДС подготви ребаланс на буџет каде што се крати за се, само се зголемуваат ставките кои ќе ги покријат партиските вработувања.

Со ребалансот на буџет се кратат капитални инвестиции, нема зголемување на пензии и социјална помош, нема зголемување ниту на платата за 5% за вработените во администрацијата. Се кратат милиони евра за реформи во судството и полицијата, стотици милиони денари за канализации и водоводи, се кратат пари за центри за социјална работа, се кратат 1 милијарда денари за образованието, за студентски домови, за универзитети и уште десетици и десетици други проекти во интерес на граѓаните.

Но затоа СДС предвидува пари на граѓаните за да се спроведат партиски вработувања и брутално да ја депрофесионализира администрацијата. Десетици милиони денари ќе потроши СДС само за привремени вработувања во владата, само за до крајот на годината. На годишно ниво, повеќе стотици милиони денари пари на граѓаните ќе служат за вработувања на партиски војници на СДС и за профитерите од невладиниот сектор кои станаа владини чиновници.

На граѓаните им е јасно: СДС им ветуваше живот, а вдомува партиски кадри. Ветуваше развој, а сега гледаме кратења и стопирања на проекти во интерес на граѓаните, ветуваше еднаквост, а сега спроведува партизирање и брутална партиска хајка против секој што не размислува како нив.

Граѓаните на Република Македонија не заслужуваат ваква неизвесност за иднината поради неспособноста од антиреформската влада на СДС. Или нека работат, или нека си заминат.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2017 15:21