Во Врховниот суд утре на затворена седница ќе се одлучува за жалбите на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и на Никола Бошковски, на кои Апелацискиот суд Скопје им одреди мерка притвор.

Апелацискиот суд на тројцата обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, им определи притвор уважувајќи ја жалбата на СЈО против одлуката на Кривичнот суд, кој како мерка на претпазливост им ги одзеде пасошите.

Грујовски, кој е поранешен началник на петтата управа, Јакимовски – поранешниот шеф на кабинет на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, и Никола Бошковски – вработен во УБК, досега се единствените обвинети во случаите на СЈО на кои Апелацискиот суд им одреди притвор.

Грујовски, Јакимовски и Бошковски во предметите „Тврдина“ и „Таргет“ се товарат за прислушување и за уништување на доказите за прислушувањето.

По нивните жалби утретреба да одлучува Кривичниот совет на Врховниот суд, со кој претседава претседателот Јово Вангеловски, а членови се судиите Ристе Катевеновски, Фаик Арслани, Џемали Саити и судијката Рахилка Стојковска, која била на боледување.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2017 15:28