Забрзано се работи на усвојување на законот за употреба на албанскиот јазик. Ние тој процес не сакаме да го успоруваме, напротив, треба да се забрза, бидејќи тој закон не е добар само за албанската заедница, туку за целата држава.
Ова во Тирана го изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров, по средбата со неговиот албански колега Дитмир Бушати. Димитров на заедничката прес конференција кажа дека новата Македонска влада работела во корист и ќе сторила се што може да го подобри животот на албанската, но и на другите заедници кои живеат во земјава.
Двајцата министрти се сложија дека е добро што нема отворени прашања меѓу двете земији што е дополнителен мотив да се интензивира и економската соработка. Најавено е дека веќе за есенва е договорена заедничка седница на двете влади во Подградец.
Што се однесува до интеграцијата на земјава во НАТО, Бушати кажал дека неговата земја на ниту еден начин нема да го попречува тоа, напротив ќе стори се што може да и помогне на Македонија час поскоро да ставен дел од алијансата.