Италијанскиот експерт за посткомунистички општества и Источна Европа, Џорџо Комаи креирал мапа на улици и плоштади кои го носат името на Јосип Броз Тито.
Улиците и плоштадите ги собрал на едно место користејќи ги платформите OpenStreetMap и GoogleMaps.
Според него, најголем број улици и плоштади со името на Тито има во Македонија и во Хрватска.
Во БиХ има помалку, на четврто место е Србија, Словенија на петтото и Црна Гора на шестото место во рамки на список на поранешни југословенски републики.
Во Македонија и во Хрватска тој избројал по 24 улици и плоштади со името на Тито, во БиХ 19, во Србија 15, Словенија 14 и во Црна Гора 7.
„Титови улици“ денес може да се најдат и во Италија, Бразил, Тунис, Кипар и други држави.