Ватикан соопшти дека поради суша во Италија ги затвора сите фонтани „вклучително и оние на плоштадот на Свети Петар во Рим и фонтаните во ватикански дворови“.
Радио Ватикан јави дека таа одлука е поврзана со учењето на папата Франциско за екологијата.
Метеоролозите тврдат дека пролетта 2017 година е меѓу најсушните во Италија во изминатите 60 години.
Поради сушата во Рим постои опасност од недостиг од вода и веќе се разгледуваат планови за рестрикции. Една од можните мерки е исклучување на водата осум часа дневно. Речиси 2/3 од италијанската обработлива земја е погодена од суша, а штетата во земјоделието е околу две милијарди евра.