Екипата на тетовска Шкендија денеска го игра првиот натпревар од 3. коло од квалификациите од Лига Европа на гости во Литванија против екипата на Тракаи.

Тетовчани успешно ги минаа претходните ривали во ова натпреварување и посакуваат пред се да ја повторат добрата игра и воедно да го повторат резултатот од ланската сезона кога играа во последното квалификациско коло (четврто) од ова натпреварување.

Во редовите на Шкендија подготвени се за новиот предизвик.

– Тоа што досега го одигравме ни дава надеж за да ја минеме и оваа фаза од Лига Европа. Тракаи е добар и квалитетен тим. Очекувам да се прикажеме во добро издание и дека ќе постигнеме гол. Нема да бидеме незадоволни и доколку ремизираме. Сепак, реваншот ќе го играме во Македонија, изјави тренерот на Шкендија, Ќатип Османи.

Фудбалерите на Шкендија тренираа на теренот каде попладнево ќе го играат натпреварот, кој почнува во 18:30 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2017 12:02