На паркинг просторот пред спортската сала и градскиот базен во Куманово утре со почеток во 14:00 часот ќе се реализира пригодна церемонија за означување на почеток на планираните активности на заедничката воена вежба на Армијата на Република Македонија и командата на копнените сили на Армијата на САД за Европа „Dragoon Guardian 17“.
Од Армијата на Република Македонија информираат дека присутните ќе имаат можност да проследат презентација на дел од воените возила и опрема на Армијата на САД, но и преку директна комуникација со припадниците на АРМ и армијата на САД поблиску да се запознаат со опремата и постапките и процедурите кои ги извршуваат припадниците на армијата на САД и АРМ.