Неспособноста на владата на СДС и Заев започна да одзема и човечки животи.
За само неколку дена поради негрижата на министерот за здравство Таравари однесе два човечки животи на возраст од 47 и 23 години.
Оваа трагедија владата на Заев се обиде да ја заташка, македонската јавноста да не дознае.
Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат дека се шири смртоносна болест низ државата, и барем да можат да се заштитат самите кога веќе не ги штити владата која има обврска за тоа.
Граѓаните исто така имаат право да знаат дека во животна опасност се уште 6 лица кои се во моментов на инфективната клиника.
Директна одговорност за ова има министерот за здравство, Таравари бидејќи причината за немањето дијагноза за причинител од која починаа две лица, а 6 се во животна опасност е тоа што нема реагенс во институтот за јавно здравје, а пак причината за можност за големи ризици и нови загрозувања е фактот дека не воспоставиле карантин а биле должни да воспостават.
Неспособноста и неодговорноста ја видоа граѓаните и кај министерот Таравари.
Таравари наместо да прави ПР стратегии и да праќа честитки од луксузните хотели во Америка треба да се фати за работа, и да го спречи ширењето на оваа заразна болест во Гостивар и гостиварско.
Време е министерот за здравство да започне да работи за доброто на граѓаните, а не своето време да го поминува во одржување на разно разни средби со амбасадорите.
Во овој момент најмалку што може да направи министерот Таравари е да си поднесе оставка и неговиот тим.