Петре Шилегов не ја говори вистината и продолжува со трикови и обиди за класична манипулација.

Груба невистина и апсолутна лага е тврдењето на Петре Шилегов дека претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска, вчера по завршувањето на седницата на Комисијата одбила да го потпише Извештајот за десетдневната расправа по реблансот на Буџетот на Комисијата за финансирање и буџет.

Во текот на денешниот ден веќе ја информиравме јавноста дека Комисијата за финансирање и буџет заврши една минута пред полноќ и дека до тој момент претседателката на Комисијата нема добиено никаков извештај од десетдневната дискусија.

Сигурни сме дека Шилегов и СДСМ знаат и се свесни дека извештај од десетдневната расправа на Комисијата не е возможно да се подготви за една минута.

Спротивно на Деловникот за работа на Собранието, Петре Шилегов како претседател на Законодавно-правната комисија ја закажа и започна седницата на Комисијата и покрај тоа што Извештајот од Комисијата за финансирање и буџет не беше потпишан од страна на единствениот овластен за потпис, туку тој беше потпишан од страна на пратеници на СДСМ, што претставува уште едно грубо кршење на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија.

Очигледно, за СДСМ не е важен ниту Деловникот, не се важни ниту правилата и прописите кои се пропишани со Деловникот, туку важно им е само што побргу да ја завршат целата процедура во врска со ребалансот на буџетот, се со цел македонската јавност да не може да биде сведок на катастрофалната финансиска политика на СДСМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2017 18:41