Неспособноста на Дамјан Манчевски како прв човек на администрацијата, резултира со непознавање на законските норми во нашата држава поврзани со администрацијата.
Дамјан Манчевски со денешното излагање ја потврди својата некадарност и на најгруб можен начин се обиде да ја изманипулира јавноста и граѓаните.
Грубите лаги и манипулации кои денеска ги изнесе Дамјан Манчевски очигледно се по насока на Заев за да се скријат масовните партиски вработувања и незаконски разрешувања изминативе 2 месеци, како и грубата партизација на државата од чистачка до министер.
Во врска со 7708 лица кои наводно се вработени во државната администрација во периодот од донесување на одлуката за распишувањето на изборите на 17-ти октомври лани до денот на формирањето на новата Влада на 31-ви мај годинава, министерот Дамјан Манчевски лаже на нему својствен и дрзок начин. Вистината е дека во тој период се вработени само 160 лица во државната администрација заради итни и неодложни работи, со што е дозволено и со изборниот законик кој е испочитуван.
Со ова уште еднаш се потврди дека Дамјан Манчевски манипулира со бројки кои се далеку од вистината.
Меѓудругото мораме да споменеме дека бројот на вработени во јавниот сектор на денешен датум, согласно опфатот на Законот за вработените во јавниот сектор е намален за околу 2000 лица во однос на 31 декември 2016 година.
Очигледно Дамјан Манчевски не прочитал ниту еден закон за јавната администрација. Тоа е резултат на неговата непосветеност и непрофесионализам за професионално водење на администрацијата, што на јавноста и беше потврдено преку масовната партизација и незаконски разрешувања во институциите.