Сакаме да ја информираме македонската јавност дека од убавите зборови и ветувањата од страна на СДСМ за инклузивност и соработка со опозицијата нема апсолутно ништо.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по однос на ребалансот за Буџетот за 2017 година поднесоа вкупно 706 амандмани кои сеоднесуваа односно ги покриваа сите области и претставуваат реални и остварливи амандмани кои ќе решеа голем број од проблемите на граѓаните.

Наместо содржинска дебата и сериозно пристапување од страна на СДСМ на овие амандмани, на Комисијата за финансирање и буџет од страна на пратениците членови од СДСМ видовме само блокада на амандманската расправа, односно СДСМ на секој можен начин преку многуте бесмислени реплики придонесе за што помал број на амандмани да бидат разгледани и образложени.

Од вкупно 706 амандмани од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ и нешто повеќе од стотина амандмани од страна на другите партии во опозиција, Комисијата за финансирање и буџет разгледа само 62 амандмани односно преку одлговлекување и блокирање на расправите СДСМ имаше јасна цел, а тоа беше разгледување на што помал број на амандмани.

Преку блокирањето на амандманите СДСМ докажа дека не сака да слуша за проблемите на граѓаните и истовремено нема намера да ги решава истите проблеми.

За апсурдот да биде уште поголем, од поминатите 62 амандмани на Комисијата за финансирање и буџет од страна на мнозинството членови предводени од СДСМ не беше прифатен ниту еден амандмани на опозицијата.

Ова претставува јасен показател за начинот на кој што СДСМ планира да владее и да ја води државата. Не прифаќањето на ниту еден амандман на опозицијата од страна на СДСМ исто така е еден од ретките случаи кога парламентарно мнозинство на таков арогантен и игнорантски начин ја третира опозицијата.

СДСМ мора да престане да се однесува како да се сопственици на Собранието на Република Македонија и да почнат да се однесуваат како парламентарно мнозинство во една парламентарна демократија. Каде е демократијата која што од уста не ја вадеа додека беа во опозиција? Ова не е демократија, ова е самоволие и обид за присвојување на сите процеси кои што се случуваат во Република Македонија.

Ги потсетуваме 62-цата пратеници од парламентарното мнозинство дека во Собранието има уште 58 други пратеници кои ја добиле довербата од граѓаните и ги бранат и застапуваат нивните интереси. СДСМ колку и да се обидува не може тоа да го игнорира.

Доколку навистина сакаат вклученост на опозицијата во сите битни одлуки за државата треба да престанат тоа да го користат како маркетиншки трик и убави зборови и да покажат на дело дека се спремни за соработка и инклузивност. На овој начин на однесување на СДСМ, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе ги користат сите демократски права кои што им ги нуди Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија и ќе се борат да бидат слушнати барањата и зборовите на граѓаните.

Токму затоа сметаме дека сме постапиле правилно и предвреме сме го предвиделе ваквото однесување на СДСМ и како резултат на тоа беа формирани десетте пратенички групи кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на дебатата во законодавниот дом, но исто така да се спречуваат сите обиди на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ да ја замолчува опозицијата и да си ги спроведуваат нивните штетни политики.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2017 00:08