Неспособноста на владата на СДС безмилосно удира по интересите на семејствата.
Со ребалансот на буџетот неодговорната министерка Мила Царовска крати 5 600 000 денари кои беа наменети за изградба и опремување на детски градинки.
Ова ја покажува целата негрижа на владата на СДС кон граѓаните и нивните потреби. СДС ги лажеше граѓаните пред избори ветувајќи зголемување на опфатот на деца во градинки за 50%, а сега кога се сместија во фотелјите, ги поздравија граѓаните со кратење на 5 600 000 денари кои беа наменети за нови градинки, и тоа во делот на нивното опремување, бидејќи изградбата во најголем дел ја покриваат општините.
Врвно лицемерие.
Факт е дека со намалени средства некоја од предвидените градинки за отворање во 2017 година нема да се отвори затоа што нема пари за опрема. Овие 5 600 000 денари кои СДС ги крати, беа доволни за опремување и отворање на 5 до 6 нови помали градинки кои беа предвидени во програмата за 2017 година и е многу веројатно дека заради неспособноста на Царовска оваа 2017 година нема да се отвораат градинки во некоја од следните општини Прилеп, Ново Село, Кавадарци, Свети Николе, Бутел, Ѓорче Петров и други општини во Скопје. Едноставно, помалку пари, помалку градинки.
На овој начин Царовска внесува хаос и неизвесност кај семејствата кои нема да знаат дали во нивната општина ќе има нова градинка, бидејќи заради намалените средства логично е да се очекува дека најмалку 5 градинки нема да бидат отворени.
Ја слушаме вчера како несмасно и непринципиелно се пофали дека ќе отворела нови 13 градинки. Прво, сите овие градинки беа предвидени да се градат од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ и некои од нив се во подлабока фаза на реализација, што значи дека Царовска се кити со туѓи резултати, и тоа немаше да биде толку трагично ако Царовска од опозиција не ги критикуваше и исмеваше овие наши чекори за изградба на градинки. Второ, фалејќи се, лицемерната Царовска не кажува дека заради тоа што скрати 5 600 000 денари нема да се отворат најмалку 5 до 6 нови градинки, бидејќи таа лично ги укинува парите за нивно опремување и адаптација. И трето, имајќи ја во предвид неспособноста на Царовска ние веруваме дека таа нема да ги исполни нејзините зборови, затоа што сите знаеме дека едно говорат, а сосема друго прават. Едноставно, тие немаат навика да работат.
Неодговорноста, лицемерието и неработата на владата на СДС предизвикуваат хаос и неизвесност кај граѓаните, и го уназадуваат општеството. Набрзо, неспособниот СДС ќе се соочи со политичката одговорност за нивната неработа и негрижа.