Тврдокорните, кои беа организатори на крвавиот упад во Собранието на Македонија на 27 април, испратија официјално писмено барање до претседателот Ѓорѓе Иванов во кое бараат аболиција на сите што се приведени и обвинети при нападот на пратениците.

Во писмото тие тврдат дека упадот во Собранието бил „за да се одбрани честа и достоинството на државата“ откако внатре се пеела незаконска химна и на незаконски начин бил избран претседател на Собранието.

Главен аргумент на Тврдокорните е дека досега во Македонија имало политички амнестии, при што ги споменуваат амнестијата за водачите на ОНА и амнестијата за обвинетите високи функционери од Специјалното јавно обвинителство, иако таа потоа беше повлечена.

Писмото до Иванов е формализирање на барањето што тие со месеци јавно го упатуваа на шефот на државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2017 01:38