ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение обвини дека СДСМ не е заинтересирана да работи во интерес на граѓаните на Република Македонија.

-Со одбивањето на сите амандмани предложени од страна на опозицијата СДС покажа како планира да владее со Македонија во нивниот мандат. Толку од убедувањето на СДС дека сакаат да работат посветено и на демократски начин во корист на сите граѓани на Република Македонија, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, од предложените 706 амандмани од страна на опозицијата разгледани се само 62 и сите се одбиени.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека партијата на власт мора да почне да ги зема предвид барањата и потребите на сите граѓани на Македонија и да излезат во пресрет со нивно брзо решавање.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2017 00:16