Населбата Волково, беше една од 5-те локации предвидени за изградба на детска градинка, но поради енормните кратења во буџетот за оваа ставка, големи се шансите таа никогаш да не биде изградена.

Владата на СДС скрати 5,6 милиони денари кои беа наменети за изградба и опремување на детски градинки. Овие средства се доволни за опремување и отворање на 5 до 6 нови помали градинки кои беа предвидени во програмата за 2017 година, и тоа значи дека поради неодговорноста на владата на СДС, градинката во Волково или некоја од градинките во Прилеп, Ново Село, Кавадарци, Свети Николе или Бутел може да не се изградат.

Фактите покажуваат дека подготовките за урбанизација на оваа локација во Волково се во длабока подготвителна фаза од страна на локалната самоуправа, но за жал суштинското, средствата за изградба на ваков тип објекти се скратени од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Имено Локалната самоуправа во Ѓорче Петров излезе во пресрет на граѓаните на оваа населба и предвиде локација, на која што денес се наоѓаме, го финализира урбанистичкото планирање на просторот, ја подготвува документацијата, процес кој во брзо време ќе беше финализиран и градбата на оваа детска градинка ќе отпочнеше веднаш штом средствата ќе беа префрлени. Но за жал со последното кратење на средства во буџетот за намена изградба на детски градинки, се поизвесно дека тоа нема да се реализира.

Владата на СДС покажа целосна негрижа кон семејствата, но пред се кон децата со самиот факт што вакви проекти ги тргна од приоритетот на своето работење. Од друга страна крајно лицемерно ја гледаме министерката Царовска како промовира веќе отпочнати проекти и си ги препишува како свои. За жал не чувме дека таа отпочнала или предвидела некој свој проект, туку и тие за кои постои целосна подготовка и кои само треба да стартуваа да се градат, таа бесрамно ги стопира.

Апелираме министерката Царовска и неодговорната влада на СДС да се вразумат и веднаш да одобрат средства еден ваков проект, изградба на детска градинка, веднаш да отпочнат да го реализираат.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2017 00:45