Лицемерието на Бочварски е јасно и видливо. Неговите зборови се израз на лагите кои во СДС се кажуваат со години, едно зборуваат, сосема спротивно прават.
Впрочем јавноста сега јасно гледа дека СДС ја користи позицијата на власт со цел крајно непрофесионално и масовно да ги вдомува партиските војници во администрацијата, а да отпушта докажани долгогодишни службеници.
Кога во СДС се зборува за администрацијата се препознава матрицата на нивниот лидер Зоран Заев кој најавуваше бркање во институциите, партиски вработувања од чистачка до министер како дел од тактиката за јадење живи луѓе.
За тоа како СДС гледа на администрацијата ќе потсетиме на зборовите на Зоран Заев:
“Да им кажете Заев беше во Валандово и рече дека ќе ги бркаме од работа и тоа да го знаат“.
“Свесни сме дека ако сакаме да бидеме власт ќе влеземе тимски од хигиеничар до министер во секој ресор во државата и така имаме намера да ја водиме Република Македонија“
https://www.youtube.com/watch?v=FX7gDyJcR5U
“Командирот на МВР во Струмица со книшка од СДС“
https://www.youtube.com/watch?v=SBS38SwMR_0
„Во Струмица овие 2744 луѓе се вработени со одлуки на кадрови комисии на СДСМ, од хигиеничарот во Еленица до директорот во некоја институција кое што е под општината. Одлучува кадрова комисија на СДСМ, Моја задача е да го отворам работното место, како градоначалник кој што СДСМ го номинирал за да биде мандатор да го води градот Струмица. А кадрова комисија на СДСМ одлучува кој да биде вработен“.
https://www.youtube.com/watch?v=g0LeW66fZYQ
Подобар доказ од ова кој и како ја партизирал администрацијата и ја злоупотребувал за лични и партиски цели нема.
Патем Заев најавуваше дека ваквата пракса функционирала во секоја општина кај што СДС била на Власт, односно дека безмалку покриени под капата на партијата била и администрацијата и локалните институции и во Охрид и Во Куманово и секаде каде што власт била или е СДС.
Дека состојбите од тогаш не се промениле и сега во функционирањето на СДС гледаме и во последниот период кога експресно без конкурси беа вработени партиски војници, шарени револуционери и твитер ликови блиски до СДС.
Јавноста тоа го гледа. Администрацијата тоа го чуствува на свој грб, а професионалноста на институциите допрва ќе пропаѓа поради бруталната партизација која СДС ја спроведува на дело.