Денес на армискиот полигон Криволак, ќе се одржи отворен ден за високи гости на вежбата „Dragoon Guardian 17“.
На денешниот отворен ден, од страна на единиците на АРМ и Армијата на САД кои учествуваат на вежбата ќе биде ќе биде извршена демонстрација на изработка на полетно - слетна патека на АП Криволак за беспилотни летала.
На настанот ќе присуствува Претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, амбасадорот на САД во Република Македонија, Н.Е. Џес Бејли, министри во Владата на РМ, високи претставници во АРМ и МО, одбранбени аташеи и претставници на НАТО канцеларијата за врски.
Отворениот ден ќе се одвива согласно следнава агенда:
09:00 – пристигнување на ВИП гостите
09:30 – предавање рапорт на министерката за одбрана
09:35 – 09:45 – брифинг за ВИП гостите за активностите на вежбата
09:55 – 10:05 – демонстрација на „Обезбедување мобилност – справување со импровизирани експлозивни направи“
10:10 – 10:20 – демонстрација на активност и цел на „Изработка на полетувачко – слетна патека на АП Криволак“
10:20 – 10:30 – изјави за медиумите од страна на премиерот на Република Македонија, г. Зоран Заев и на амбасадорот на САД во Република Македонија, Н.Е. Џес Бејли.