СДС на дело ја покажува својата негрижа и безчувствителност. СДС скрати цели 28.000.000 денари од ставката за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и дневни центри за лица со попреченост. СДС покажа дека овие категории на граѓани не им значат ништо, за СДС значајна е набавката на октоподи и други морски плодови кои треба да се најдат на трпезата на Заев, но не и граѓаните со попреченост.

СДС со ребалансот на буџетот крати пари и ја стопираше изградбата на дневните центри за лица со тешка и најтешка телесна попреченост во Скопје и Битола, дневните центри за деца со попреченост во Чаир, Демир Хисар и Свети Николе, дневниот центар за рана интервенција за деца со попреченост во Карпош и дневниот центар за деца со аутизам во Скопје.

Поради негрижата на СДС доцни и отворањето на дневниот центар за деца со попреченост во Македонска Каменица и два дневни центри за лица со попреченост и аутизам во Охрид.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаше усвоено акциски план во 2017-та година со конкретни рокови за отворање на повеќе дневни центри. Сега со кратењето на буџетот и игнорантскиот однос на СДС кон овие лица, изградбата и отворањето на овие дневни центри е оневозможена.

Покрај овие дневни центри, ВМРО-ДПМНЕ со усвоениот акциски план имаше предвидено и отворање на уште 14 нови дневни центри за деца и лица со попреченост коишто требаше да се реализираат до 2020-та година, проекти и планови кои сега се стопирани.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2017 18:37