СДС со ребалансот покажа дека е антиреформска и неодговорна власт. Тие покажаа дека не се грижат за потребите на граѓаните, а уште помалку покажуваат капацитет да се зафатат со решавање на проблемите на државата.

Имено со ребалансот на буџетот е најдобар показател за нивното лицемерие и неспособност да одговорат на обврските кои ги имаат кон овој народ и кон оваа држава.

Тие не само што ги изневерија очекувањата на граѓаните, туку покажаа исклучително ниско ниво на демократски капацитет и ниво на инклузивност рамно на НУЛА.

Впрочем за тоа најдобро говори фактот дека од 840 предложени амандмани во различни пратенички групи, беа разгледани само 62 амандмани и ниту еден не беше прифатен.

Владата на СДС својата негрижа и неодговорност ја покажаа со отфрлањето на амандманите како:

• Финансиски средства од 2 милиони евра кој што би можеле да биде на располагање на граѓаните кои што претрпеа штети од земјотресите во Ресен, Охрид и Струга.

• Финансиски средства за штетите кои настанаа во туризмот како последица од земјотресите во Охрид и регионот.

• Амандмани за финансиски средства за решавање на проблемот со дивата депонијата во Општина Струга.

• Финансиски средства за проектот жртвите на транзицијата.

• Финансиска поддршка на ново основаните компании.

• Дополнителни средства за проектот купи куќа за млади.

• Финансиска поддршка за претпријатијата од преработувачката индустрија и

Уште десетици други проекти и амандмани со кои што на граѓаните требаше да им се обезбедат пречистителни станици, довршување и изградба на нови регионални патишта, инвестиции во образованието, во здравството за изградба на амбуланти или здравствени домови, за водоводи и канализации по општини каде не беше завршено.

Владата на СДС го покажа целото расипништво на дело. Се кратат пари за суштинските сегменти на живеењето, ама затоа се зголемуваат ставки кои се од тесно партиски интерес на СДС.

Со ребалансот се запираат изградба на патиштата, се запираат и проектите во гасификацијата, Клиничкиот центар, водоснабдителен систем во Гевгелија и други капитални проекти. Се кратат 100 милиони денари во ставката за рурален развој, се кратат цели 128 милиони денари од буџетот на министерството за земјоделие намeнети за капитални инвестиции, ама затоа се предвидуваат 30 милиони денари за финансирање на невладини организации.

Во 16 ставки од ребалансот на буџетот има зголемување на платите и на надоместоците за 300 милиони денари, што потврдува дека до крајот на годината, во претстојните неколку месеци безмилосно ќе се трошат пари за вработувања и хонорари на партиски војници, шарени револуционери, ќерки и синови на коалициони партнери, комичари и твитер ликови блиски до СДС.

Дополнително во ребалансот се предвидува зголемување на задолжувањето и тоа за износ од цели 150 милиони евра како дополнителен товар на граѓаните.

Еве тоа е доказот за неодговорноста, недомаќинското работење и расипништвото на СДС кое го покажаа во само 50-тина денови од своето владеење. За целокупната неработа, неодговорност и неспособност на СДС набрзо ќе следи политичка одговорност.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2017 18:57