Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на седницата одржана на 29.07.2017 година, изрази загриженост од најавената нова стратегија за мигрантите на Владата на Република Македонија, од која произлегува дека владата се подготвува да прифати поголем број мигранти во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ укажува дека давање на државјанства на десетици илјади мигранти во Република Македонија и нивно трајно населување со сигурност ќе предизвика сериозна дисторзија на пазарот на работна сила во земјата, и ќе ја влоши и онака тешката состојба со невработеноста која принуди многу наши граѓани да се отселат во други земји за да обезбедат работа и егзистенција.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која во време на своето владеење понуди и пружи голема помош и подршка за мигрантите кои транзитираа низ Република Македонија. Но со вакво ниво на сиромаштија и невработеност да се прифати трајно населување на десетици илјади мигранти би било сериозен удар на сите досегашни напори за смалување на невработеноста во земјата за граѓаните на Македонија, а и самите мигранти ќе имаат сериозни потешкотии во добивањето работа и егзистенција во земја со стапка на невработеност од 22.9 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2017 19:04