Два месеци откако СДС е на власт, а граѓаните гледаат само кратење, укинување и блокирање.
СДС со ребалансот на буџет скрати 5.6 милиони денари од средствата наменети за изградба и опремување на детски градинки, средства со кои можеа да бидат опремени и отворени 5 до 6 нови детски градинки.
ВМРО-ДПМНЕ во програмата за 2017-2020 имаше предвидено изградба на 140 детски градинки, со што ќе се решеше проблемот со големиот број на дечиња кои не можеа да бидат примени во градинка заради малиот капацитет на постојните.
ВМРО-ДПМНЕ предвиде повеќе средства за градинки поради фактот што нашата држава е единствена држава во јужниот дел на Европа која има раст на родени во периодот од 2005 година до 2015 година, од 22.482 бебиња во 2005 година во Република Македонија бројката на родени бебиња во 2015 изнесуваше 23.106 денари, што предизвика нужно зголемување на ставката во буџетот за детски градинки. Но СДС никогаш не ги интересирале граѓаните и нивниот живот, туку само својот личен комодитет, затоа СДС одвојува милиони денари од буџетот за нови вработувања на партиски кадри во државните институции, а крати од парите наменети за детски градинки, кои се насушна потреба за голем број млади брачни парови.
Парите скратени од ставката за градинки очигледно не беа доволни за покривање на новите вработувања на партиските потрчковци, па СДС скрати и цели 28.000.000 денари од буџетот наменети за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и дневни центри за лица со попреченост.
СДС со ова ја покажа сета своја безчуствителност и негрижа, кратејќи на изградба на дневни центри за лица и деца со попреченост и детски градинки, додаваше пари за набавка на октоподи и морски плодови кои треба да се најдат на трпезата на Заев во Владата.
Заради негрижата, неработењето и неодговорноста СДС набрзо ќе се соочи со политичка одговорност.