Македонската кошаркарска федерација (МКФ) од 17 до 26 август 2017 година ќе биде организатор на Европско првенство за кошаркарки до 16 години Дивизија Б во Скопје.

На првенството, покрај кадетската репрезентација на Македонија ќе настапат уште 21 репрезентација. Натпреварите ќе бидат одиграни во салите на спортските центри „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“.

МКФ објави конкурс за ангажирање на лица кои ќе бидат дел од локалниот организациски комитет (ЛОК) и кои ќе придонесат за успешна организација на уште еден континентален собир во Скопје.

Во конкурсот на МКФ наведени и позициите односно за кои се бараат лицата за ангажирање како и начинот на аплицирање.

Ќе биде избран 21 водич за гостинските репрезентации. Пријавените треба да бидат на возраст од 18 до 25 години и со задолжително добро познавање на англискиот јазик. Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани најдоцна до 5. август, 2017 година. Ангажманите на избраните апликанти почнуваат на 15. август и траат непрекинато до крајот на првенството односно 26. август 2017 година.

Заинтересираните можат да се пријават со испраќање на „CV“ со фотографија на jane.petkovski@basketball.org.mk, со назнака „За конкурс за ЕП во Скопје“.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2017 19:02