На денешната ждрепка одржана во Нион македонските екипи Вардар и Шкендија ги добија ривалите за баражот за Лига Европа.

Шампионот Вардар во првиот натпревар ќе биде домаќин на турскиот фудбалски гигант Фенербахче, а дуелот треба да се игра на 17 август.

Тетовска Шкендија за противник го доби поранешниот европски шампион Милан. И Шкендија во првиот натпревар треба да биде домаќин.

Според тоа можно е УЕФА да направи промена на термините.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2017 11:34