Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ јавно ги повикуваат и покануваат премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денес да дојдат и да присуствуваат во Собранието на Република Македонија во 12 часот на јавната расправа за владината стратегија и акционен плат за мигрантите, бегалците и странците 2017-2027 година.

Се работи за долгорочни стратешки документи за следните 10 години кои ја засегаат цела Македонија и голем број на општини низ целата држава.

Премиерот Заев и министерката Царовска, во својата изјава во Штип минатата недела дадоа јавна и силна поддршка на стратегијата и акциониот план за мигранти, бегалци и странци за следните 10 години.

Затоа ги покануваме Заев и Царовска да ја објаснат и образложат својата силна поддршка на Стратегијата за мигранти, бегалци и странци како и да одговорат на голем број на прашања кои што се важни за државата и за голем број на општини.

На минатата јавна расправа заменик министерот за труд и социјална политика Елми Азири, не одговори буквално на ниту едно поставено прашање вклучувајќи и колку милијарди евра од Буџетот на Република Македонија ќе се наменат за спроведување на стратегијата во следните 10 години, кои се проектите кои што ќе почнат да се реализиираат оваа и следната година, како и кои ќе бидат општините во кои што ќе се реализира трајното сместување на мигрантите, бегалците и странците.

Со најновата стратегија на Владата, Зоран Заев, Македонија од транзитна земја за мигрантите ја прави земја за трајно сместување и траен престој на голем број на лица од голем број на држави.

Од тие причини уште еднаш ги повикуваме и покануваме премиерот Заев и министерката Царовска денес да присуствуваат на јавната расправа во 12 часот во Собранието на Република Македонија и лично да дадат одговори на повеќе прашања кои ги поставуваат граѓаните и јавност од повеќе општини.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2017 13:15