Министерството за здравство стана синоним за негрижата и неодговорнсота на оваа власт.
Токму во ова министерство спротивно на законот беа разрешени над 50 директори на здравствени установи со што се загрози и сруши професионалноста и функционирањето на целокупниот здравствен систем.
СДС заедно со нивниот приврзок министерот Таравари прави вистински масакар во здравството, што за жал ќе има сериозни последици по пациентите. Се врши директен атак врз професионалци во здравството и се потценува нивниот труд, нивниот ангажман и нивниот придонес.
За ситуацијата да биде уште позагрижувачка токму на една од најодговорните позиции во ова министерство, државен секретар, спротивно на закон е именуван Владимир Милошев претходно вработен во клиничката болница во Штип, а не во Министерството со што е прекршен законот за администрација.
Ова министерство е премногу сериозно, од него зависи целокупната здравствена грижа на граѓаните на Македонија, за некој вака бесрамно и бесправно да го руши и дерогира.
Во министерството за здравство безочно е прекршен законот. Согласно законот односно Членот 23 став 6 јасно вели дека Секретарот од ставот (1) алинеја 1 на овој член од редот на административните службеници од категоријата Б, односно од редот на раководните вработени го назначува министерот и истиот треба да ги исполнува посебните услови за работното место за нивото Б4 на раководни административни службеници.
Ова повлекува и одговорност на министерот Таравари. Тој со непрофесионален и некомпетентен кадар како Милошев ја пополнува позицијата државен секретар која треба да менаџира и да контролира работа на здравствени установи и здравствени ресурси.
Ете заради ваквата работа во министерството за здравство се случува поради хеморагична треска од најслаб облик да ни се случи епидемија, две човечки жртви и десетици хоспитализирани.
Предупредуваме дека поради ваквото индолентно и неодговорно однесување во иднина може да настанат уште поголеми штети по здравствениот систем и што е полошо по здравјето и животот на граѓаните.
Заради ваквата неодговорност и неспособност СДС ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимиран од страна на граѓаните.