Сакам да информирам дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе достават информација до Собранието на Република Македонијаи ќе побараат итна седница поврзана со состојбата со пожарите во Република Македонија.
Очигледно е дека нема никаква активност, дека има целосна незаинтересираност, пасивност и слаба рекција од страна на државните органи посебно од Владата. Има неодговорно и неспособно однесување. Имаат донесено некакви заклучоци но нема никаква реализација на заклучоците и нема присуство на терен. Нема чувство спрема потребите на граѓаните и барањата на граѓаните.
Посебен и исклучително значаен како пример е пожарот во село Требовље во Поречието кој што според наши информации две недели откако се појавил пожарот немало никаква, апсолутно никаква реакција од страна на државата. Значи две недели некој свесно го оставил тој пожар да гори без да превземе никакви активности. Затоа ние ќе треба да добиеме информација зошто е така постапено и кои надлежни органи, кои министерства и Владата воопшто како највисок извршен орган, зошто не превземала никаква активност. Посебно заради фактот дека таму две третини изгорела борова шума.
Пожари има на многу места низ Република Македонија, колегите пратеници на утринската координација пријавија дека продолжуваат пожарите во поречијето, има пожар на Кожув, има други пожари во општина Македонски Брод, во селата Подвис, Алдинци , Норово, во општина Јегуновце, голем пожар кој што зафаќа делови од скопскиот регион во пределот на Радуша, село Железна Река гостиварско исто така, во Студеничани има огромен пожар. Денес чадот од тој пожар веќе го зафаќа и источниот дел од Скопје. Село Бојане на планината Жеден. Има три активно пожари во пределот на планината Јакупица околу Велес и нема никаква активност.
Имаме некаква одредена информација која што ја разгледувала Владата на Република Македонија и не знаеме дали е за смеење или е за плачење. Во информацијата кажуваат дека во некои пожари интервенирал еден пожарникар, на друг пожар интервенирале три пожарникари, на трет пожар се активирале двајца пожарникари значи никаква реална активност која што требало да биде превземена.
Очигледна спротивност на тоа што граѓаните беа навикнати до пред една година кога во вакви ситуации имаше брза активност и имаше целосно присуство на терен на институции и владини преставници кои што директно од терен ги координираа активностите. Многу пати ќе се потсетите дека директно од терен кога се случувале вакви непогоди и катастрофи владините министри, пратеници градоначалници, лично ги координирале по 24 часа активностите на терен.
Во последниот период гледаме целосна неагилност, пасивност, незаинтересираност, неспособност и незнање од Владата да интервенира на ситуации во кои што треба брза реакција. Да ве потсетаме на поплавите во с.Порој дебарско каде што имаше едно фотографирање и никакви активности и до ден денеска два пати се случи поплава и немаше никаква активност за запирање.
Да ве потсетам на депонијата во Струга која до ден денеска гори и целата Влада, целата држава, сите институции се донесуваат како да не пости проблем , а градот Струга 24 часа веќе три месеци е облеан со чад. Ги нема невладините организации, ги нема медиумите блиску на СДСМ, ги нема владините институции, да информираат што значи тоа загадување, ПМ честички што значи, што значи тоа за младите генерации, што значи тоа за туризмот итн.
Исто така имаше и ситуации со земјотресите во охридскиот регион, значи коплетна пасивност од страна на Владата, попатно го игорнираат Собранието не го информираат, ние имавме поднесено Информација за состојбата со депонијата во Струга, сеуште таа не е дојдена на дневен ред . Замислете за парламентот и парламентарното мнозинство проблемот со депониајта во Струга еве веќе три месеци не е никаков приоритет.
Затоа ние покрај документот што го поднесовме во однос на пожарите, ќе побараме паралелно Владата да ни достави информации кои што се поврзани со вкупнио број на активни пожари во држават, опожарена површина, штети нанесени на дрвна маса, финансикса проценка за штети, бројни интервении на државни и владини институции, број на активна жива сила ангажирана во локализирање на пожарите и секако број на средства употребени за гаснење на пожарите.
Ќе го повторам примерот со с.Требовље во поречието, пожарот кој што настана во таа област е типичен пример каква неспособна Влада раководи со Република Македонија.
Денеска ќе биде доставена информацијата и не очекуваме оваа информација да дојде на дневен ред да се разговара во Ноември во Декември или во Јануари, очекуваме конечно барем за една работа за која што сме побарале инфомација г.Талат Џафери да закаже итна седница и тоа што е можно побрзо. Дали ќе биде утре, дали ќе биде задутре или во понеделник Собранието да дискутира и преку дискусија да го зголеми нивото на запознавање на јавноста со овој проблем, второ да се изврши класичен политички притисок врз владините институции да си ја вршат својата работа и да излезат на терен, ане од кабинети да даваат заклучоци и насоки како треба да се постапува. Еден човек од Владата не е излезен на терен. Затоа бараме оваа седница да се одржи во еден од следните три дена. Секое одложување е смешно, но и ќе е трагично.