Неспособноста и неодговорноста на владата на Заев и СДС продолжува да зема замав. Основни два критериуми за да станеш дел од тимот за варваризам и некултура на Роберт Алаѓозовски е да си партиски војник и што поголем сеач на омраза и поделби меѓу граѓаните.
Специјалниот советник за култура на Алаѓозовски, Златко Теодосиевски е уште еден во низата примери на луѓе од кои Заев и СДС се воодушевени, бидејќи навредуваат, се закануваат и се максимално вулгарни во своите јавни настапи, па заради тоа и се наградени со функции.
Теодосиевски, исто како и Грчев, Ѓунер Исмаил, Сашо Тасевски и останатите, стана дел од тимот за лечење фрустрации во културата преку сеење омраза, воден и координиран од Роберт Алаѓозовски и неговите сталинистички методи за пресметка со неистомислениците.
Златко Теодосиевски во својот најнов текст поплука врз споменот на Тоше Проески и Мајка Тереза, згрозен што Македонија решила да им оддаде почит на овие великани преку изградба на музеи.
Теодосиевски кој во својот творечки опус нема ништо освен навредливи колумни и еден негативен извештај од времето кога беше директор на Националната галерија, сега е бесен и лут на починати реализирани и светски признати уметници од Македонија и има против што нивното дело е достојно уважено од Република Македонија.
Ништо чудно доколку со вакви советници на Алаѓозовски како Ѓунер Исмаил и Мирослав Грчев кои најавија минирање и рушење споменици, и Златко Теодосиевски кој не сака да има музеи на Тоше Проески и Мајка Тереза, министерството за култура утре да заземе став дека овие музеи мора да се срушат.
Луѓе со вакви варварски идеи не може да водат култура во Република Македонија. За ваквото неспособно делување наскоро ќе следи политичка одговорност. А, за незаконското работење и кривична.