Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција реагираше на одлуката на Апелацискиот суд Скопје и нагласи дека таа е сканадлозна.

- Сакаме да реагираме на скандалозната одлука на Апелациониот суд којшто потклекна на политичкиот притисок на СДС и медиумите блиски до СЈО. Судот не го издржа притисокот на СДС и не си ја исполни законската обврска судиите да одлучуваат само и само врз основа на Устав и на закон и никако поинаку, потенцира Милошоски.

Тој праша зошто се случува ова потклекнување на Апелацискиот суд и зошто во одлуката не се објавени содржината и имињата на судиите. -Судиите кои ставиле потпис на ваква одлука многу добро го знаат членот 12 став 2 од Законот за кривична постапка. Нелегално стекнати материјали ниту можеле ниту можат да служат како докази во било која постапка. Кои се целите на СДС на СЈО и на нивните блиски поддржувачи, праша Милошоски.

Првата цел, како што рече, е да се покрие криминалот сторен од Заев кој што е документиран на легален начин со ПИМ мерки каде што тој бара поткуп од 200.000 евра. - Сакале да се стави знак равенство меѓу него и сторениот криминал од негова страна и секој друг кој што тој го смета за политички опонент, нагласи Милошоски.

Втората цел на ваквите активности на СДС на СЈО и нивните блиски поддржувачи, како што нагласи, е да се дигне една димна завеса во овој период кога владата е неспособна да изгаси две депонии и десет пожари.

- Кога владата е неспособна да обезбеди 100.000 денари плата за лекарите специјалисти како што ветуваше. Кога владата е неспособна да склучи добар и наместо тоа склучува штетен договор со соседна Бугарија и го држеше до последен момент во тајност. И кога владата е неспособна да најде законски основи за законски смени на директори во јавните и државни претпријатија па партизирањето го прави со брзање од ден во ден на незаконски начин, рече Милошоски.

Тоа се целите поради кои, како што потенцира, СЈО, СДС и до нив некои блиски судии се обидуваат на ваков начин, со кршење на законите и посебно на законот за кривична постапка член 12 да носат одлуки кои што се незаконски и кои што се скандал, правен скандал од невиден размер до сега ниту во Република Македонија, ниту во било која современа држава од Европска Унија или од НАТО.

- Владеењето на правото не треба да биде жртва ниту во Македонија во однос на желбите за власт и за задржување на власта како марионетска влада на Заев и покривање на неговите криминални дејства за кои што беше фатен преку пим мерки, нагласи Милошоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2017 17:22