Кому ќе му падне напамет да симулира, ќе мора да има на ум дека има можност да биде казнет.

Најзначајната промена во правилата за сезоната што следува во Премиер лигата се однесува на фудбалерите кои лесно паѓаат и глумат прекршок да изнудат пенал. Кој ќе исценира прекршок и кој ќе се витка на земја глумејќи повреда, ќе добие суспензија. Предвидена е суспензија од два натпревари.

Спорните моменти ќе ги проценува комисија која ќе ја сочинуваат еден поранешен судија, поранешен менаџер и поранешен играч.

Комисијата ќе заседава само во случај доколку судијата не пријави симулирање во неговиот извештај по натпреварот.

Арбитрите ќе имаат право и да го исклучат играчот доколку проценат дека тежината на симулацијата одговара на таквата санкција.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2017 14:32