Адам Лалана ќе биде надвор од теренот неколку седмици поради повреда на задниот дел на бутниот мускул, изјави Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул.

Дваесет и деветгодишниот играч за врска се повреди на натпреварот од Ауди купот против Атлетико Мадрид.

„Лалана ќе биде надвор од теренот цел август и септември. Тоа секако не се вести кои сакавме да ги слушнеме“, изјави Клоп.

Репрезентативецот на Англија многу веројатно ќе ги пропушти квалификациите за Светското првенство во септември, бидејќи според зборовите на Германецот, Адам нема да биде подготвен да се врати на теренот тогаш.

Истата повреда како Лалана ја доживеа и Даниел Стариџ во натпреварот со Баерн, кога по постигнатиот гол, веднаш се фати за бутот на ногата. Но, неговата повреда не е од тешка природа.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2017 14:43