Вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ поднесоа предлог на закон за дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште.

Главната причина за поднесување на овој предлог на закон за дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште е поради големиот број на граѓани кои што не биле во можност да го остварат своето право за приватизација на неизградено земјиште, а исто така не поднеле ниту пријава за промена на правото на користење во право на сопственост во рокот до 15 јуни 2016 година.

Со предложениот предлог за дополнување на законот се додава нов член со кој се дава можност на граѓаните кои ја пропуштиле можноста да поднесат пријава до катастар до 15 јуни 2016 година да можат да го откупат тоа земјиште во било кое време, за разлика од претходните измени со кои се пролонгираше рокот за поднесување на барања овој пат со овие дополнувања нема да постои рок до кој треба да се поднесат барања од страна на граѓаните кои што се уште немаат поднесено и поведено постапка.

Се надеваме дека СДС ќе го прифати овој предлог за дополнување на законот доколку вистински се грижат за реалните потреби на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ вчера го предложи овој предлог за дополнување на законот за приватизација и закуп на градежно земјиште бидејќи се грижиме за граѓаните на Република Македонија. Сметаме дека така граѓаните кои не се во мал број ќе ја имаат истата можност за решавање на нивната имотна сопственост.

Сега е време кога СДС треба се што ќе вети и се што вети во предизборниот период на народот да го исполни.

ВМРО-ДПМНЕ без разлика дали е на власт или во опозиција и понатаму ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и нивните потреби.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2017 16:33