ВМРО-ДПМНЕ не може да побегне од одговороноста за катастрофата што ја остави зад себе по 11 годишното криминално владеење.
Криминалното и расипничко владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави нефункционален систем за справување со кризни ситуации, застарена и запуштена механизација и стара и дотраена опрема во службите задолжени за заштита. Дури и авионите за гаснење пожар не беа функционални се до доаѓањето на новата власт.
Сепак, дури и во такви тешки услови, сите ангажирани лица на терен, пожарникарите, припадниците на армијата и доброволците, задно со надлежните министерства и институции, даваат се од себе за што е можно побрзо локализирање и целосно гаснење на активните пожари, од коишто за дел од нив постои сомневање дека се подметнати намерно.
ВМРО-ДПМНЕ треба да ги остави надлежните институции да ја работат својата работа и да престане да шири паника помеѓу граѓаните.