Продолжува сталинистичкиот поход на Роберт Алаѓозовски. Министерството за култура стана министерство за варварство и вработување партиски војници на СДС.
Воден од директивите на Заев за вработување „од чистачка до директор“ само на луѓе со членска на СДС, продолжува со фашизоидната реторика и јавното сатанизирање на успешни културни работници и раководители на институции. Сето ова само затоа што тој и неговиот шеф процениле дек тие луѓе биле блиски до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Последен во низата елиминирани од варваризмот на Алаѓозовски е директорот на Македонскиот Народен Театар Дејан Пројковски, докажан професионалец со големи успеси во своето работење и раководење на МНТ.
На негово место Алаѓозовски го назначи актерот Драган Спасов-Дац како заслуга за поддршката и учеството на членови на неговата фамилија во платеничката револуција на СДС.
Уште еднаш се докажува дека единствена квалификација потребна за вработување кај Алаѓозовски е партиската послушност и определбата за уништување споменици на македонските херои и државност. Докажаниот варваризам, гнев, омраза и фрустрации стануваат дел од сите културни институции на државата.
Политичката одговорност за ваквото непрофесионално работење и неспособност ќе стигне набрзо и за Алаѓозовски и за Заев, на локалните избори на 15-ти октомври. А за секоја безправна одлука на оваа варварска постава во културата ќе има и правна одговорност.