Апелациониот суд пред неколку дена потклекна под притисокот на СДС и СЈО. Апелациониот суд донесе одлука која се коси со Уставот и законот на Република Македонија, и која претставува срам за судската фела и срам за целата правна наука, и целото правосудство.
Секој правник е зачуден од ваквата небулозна одлука на Апелациониот суд.
Судот не ја исполни законската обврска дека судиите треба да одлучуваат и само одлучуваат врз основ на Уставот и законот на државата.
Судиите според законот имаат обврска да бидат личности со интегритет и да не подлегнуваат под никаков притисок. Но со скандалозната одлука судот најдиректно го прекрши законот за кривична постапка, кој во член 12 став 2 вели максимално јасно и прецизно дека:
„Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука“.
Одлуката на судот е политика која му помага на Заев да врши политички прогон на неистомисленици и истовремено да ја дефокусира јавноста од погрешните и антидржавните политики кои ги води, а кои се на директна штета на македонските национални и државни интереси.
Судиите од апелација потклекнаа на притисокот, и само за да му се додворат на Заев се обидоа да создадат димна завеса која треба да ги покрие противуставниот закон за двојазична Македонија и штетниот договор со Бугарија. Тоа е целта, јавноста да се занимава со ваквиот судски срам и да се насочува да гледа кон ВМРО додека СДС ги руши сите темели на македонската држава.
Ова е сериозен и незаконски преседан и отвора можност незаконски прибавени докази да бидат дел од постапката со што директно го прекрши законот за кривична постапка. Секој од нас во иднина ќе може да е жртва на Заев и Верушевски кои сега ги имаат и полугите на власта. Ова не смее да се дозволи. Судската фела треба да си го обели образот.
ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно порачува дека ова нема да трае долго. СДС нема да е долго на власт. Граѓаните на Република Македонија ги прочитаа манипулациите и лагите на СДС и Заев. На локалните избори СДС ќе биде поразен, и делегитимиран. Секој оној кој работи против законот и ги крши истите за само да му се допадне и додвори на Заев ќе сноси одговорност и ќе одговара за своите постапки.