Го поздравуваме денешното распишување на локалните избори. Очекуваме убедлива победа на нашите кандидати за градоначлници и листи за советници, во интерес на граѓаните.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е подготвен за локалните избори што по промената на централната власт, ќе донесат промени и на локално ниво.

Поддршката што граѓаните ја даваат на СДСМ и проектите што носат живот за сите, секојдневно расте. Тоа е видливо и од нашите секојдневни средби со граѓаните и од општата атмосфера на слобода што владее во изминатите два месеца.

Со победата на СДСМ на претстојните локални избори, започнатиот процес на реформи и ослободување ќе продолжи и на локално ниво.

По промената на локалните власти целосно ќе запре партизацијата и заробеноста на инстутициите на општинско ниво, што денес во голем број се заробени и партизирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓанската опција предводена од СДСМ носи нови вредности и нови придобивки.

Општините ќе работат за граѓаните и олеснување на нивниот живот. Граѓаните во центарот на вниманието и решавање на нивните проблеми и на локално ниво ќе биде реалност.

Повикуваме сите учесници во изборниот процес да се однесуваат одговорно и со нивното дејствување да придонесат во одржувањето фер и демократски избори.

Очекуваме дека надлежните институции за организација на изборите ќе бидат подготвени ефикасно и професионално ќе одговорат на предизвикот за организирање на фер, слободни и демократски избори што во целост ќе ја рефлектираат волјата на гласачите.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2017 19:36