Во однос на актуелното прашање со патните трошоци, затоа што и лично бев прозван од некои медиуми присутни овде, во однос на некоректното, тендециозно и неосновано обвинување кон пратениците, сакам да изразам неколку ставови во врска со ова прашање.

Евидентно е дека прашањето е актуелно и ова е доказ дека ние не бегаме од актуелни прашања и сакаме да дебатираме со јавноста, а тоа оди преку медиумите. Прво, сите се сеќавате дека четири месеци, од нова година до крајот на април, зборувавме дека не се потребни празни и јалови дискусии за нешто што е извесно, за избор на претседател на Собранието. Четири месеци се обидувавме да ги убедиме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека нема потреба да се одолговлекуваат седниците, да се доаѓа секој ден, да се дискутира едно исто со реплика на реплика. Секое доаѓање на пратениците значи и патни трошоци, значи доаѓање на работа. Јас сум од Охрид, јас патувам секој ден. Мене во описот на работата за доаѓање на работа, ми е пет часа дневно во автомобил, јас возам 350 километри во денот и немам избор. Тоа е регулирано законски и од Законот за во Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица и со Одлука за висината за надоместок што ја носи Комисијата за избор и именувања во ова Собрание. Значи, една од причините за големиот број доаѓања на пратениците, беше токму таа и ние со месеци укажувавме дека непотребно доаѓаме и дека непотребно се трошат пари на граѓаните.

Втората работа, како одговорна пратеничка група и јас како координатор на таа одговорна пратеничка група, пред две седмици на координаторите на другите пратенички групи вкупно пет, бидејќи од ВМРО-ДПМНЕ сметам дека е еден координатор над координаторите и на другите четири координатори на ДУИ, БЕСА, ДПА и ВМРО-ДПМНЕ и дадов конкретен предлог со четири разработени алтернативи како да се укинат патните трошоци, односно кои се начините за можно регулирање на привремениот престој и патување на пратениците што се од внатрешноста. Моментално, од 120 пратеници, 71 пратеник го задоволува условот да наплаќа за наплаќање за доаѓање на работа, од нив неколку сме што живееме на најголеми растојанија. Ние не сме виновни што живееме во Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Лабуниша и така натаму. Тоа се пресметува според формула, меѓутоа, знаејќи во каква држава живееме, знаејќи ја економската состојба, знаејќи дека не е во ред за некој месец надоместокот што го добиваме за патните трошоци да биде поголем од платата. Па зошто ме плаќа мене државата? Да бидам шофер или да бидам пратеник кој ќе учествува во законодавниот процес? И знаејќи дека тоа не е добро регулирано на овој начин како што е регулирано, ние како политичка партија изготвивме неколку алтернативи. Значи и во изборната програма рековме дека ќе го реформираме начинот на исплата на патните трошоци.

Тоа и го направивме. Пред две седмици, на моите колеги јас лично им дадов на рака предлог за разгледување. Можете да ги прашате, ќе ви кажат дека се работи за четири алтернативни решенија. Едно е постоечкото, меѓутоа да се регулира онака како што е потребно за да не се злоупотребува. Најголемиот проблем во сегашниот начин во исплата на патните трошоци е злоупотреба на системот. Имало и има пратеници кои не патуваат секој ден, а кои наплаќаат патни трошоци. Со алатки, механизми и активности кои би го спречиле тоа, драстично ќе се намали сумата на патни трошоци што се исплаќаат на месечно ниво. Вие знаете дека некои месеци имаме 25 работни денови, а во мај имавме два работни дена. Значи, не може да се упорсечува, па на годишно ниво земаат толку или онолку. Никој од јавноста или медиумите не прашал зошто другите именувани функционери имаат службени возила имаат право на истиов надомест, директори, заменици министри, и така натаму, секогаш на удар се пратенците. Јас како координатор на пратеничка група, морам и ќе се грижам секогаш за достоинството на пратениците и заради тоа ви го кажувам тоа во тој контекст.

Значи, има втора алтернатива, втората алтернатива која им ја понудив на моите колеги координатори за размислување, значи предлог за разгледување е со давање на станови за користење, службени, државни станови, значи имаме државно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Порано тоа беше практика, значи за време на мандатот да се користи станот, меѓутоа петок, сабота и недела да ни бидат давани како пратеници за да комуницираме со нашите гласачи од каде што доаѓаме. Јас живеам во Охрид, јас имам таму семејство, таму се гласачите, електоратот, јас морам во текот на неделата да сум дома, јас не живеам овде, меѓутоа ако е некако инаку регулирано како што предлагаме тогаш можеме 4 дена да сме овде и на тој начин ќе се намали сумата на трошоците за привремен престој на пратениците. Суштината на Парламентарната демократија е да имаме претставници од граѓаните на Република Македонија од сите краеви на државата инаку патните трошоци многу едноставно се сведуваат на нула, сите нека бидат од Скопје. Тоа не е поентата на парламентарната демократија, значи поентата е да се има претставници од сите краишта и тоа да се регулира на најсоодветен начин.

Третата алтернатива што ја нудиме е со давање надомест за одвоен живот и за изнајмување стан под кирија. Четвртата алтернатива која ја нудиме е хотелско сместување на тендер која ќе се одлучи во Собранито или службите на Собранието, значи ова што ви го кажувам не се импровизации и не е моја желба. Ова што ви го кажувам е производ на една сеопфатна обемна анализа која ја направивме, како, на кој начин и колку се исплаќаат патните трошоци на име на пратеници и јас ова го нарачав по моето доаѓање за пратеник во овој дом, Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија направи компаративна анализа за надоместоците за пратеници во одредени земји, ги зедовме земјите од опкружувањето, Југоисточна Европа и земјите од Европа. Сето ова како предлог што им е дадено на моите колеги координатори на разгледување се засновува врз сеопфатна компаративна анализа и позитивни практики во останатите земји.

И уште една работа што не мислев дека ќе ја кажам во јавност, меѓутоа еве ќе ја кажам во јавност. Ние во неколку наврати како пратеници од пратеничката група на СДСМ и коалицијата дониравме во хуманитарни цели, токму од нашите така наречени патни трошоци, на иницијатива на наш колега бивш пратеник, тоа не е за кажување во јавност, дониравме за болно дете, дониравме за родители кои го лекуваат болното дете во Италија и немаа за смстување. Дониравме во минатиот состав на три пати во хуманитарни цели и имаме направено фонд за донации и се уште ќе донираме ама тоа не е за јавност, тоа е желба на секој пратеник како се однесува со оние пари кој законски му следуваат. И затоа јас ве молам како медиуми, значи ги разбирам и социјалните мрежи и чувствата кај граѓаните и се е тоа во контекст на кризните времиња и сиромаштијата која владее, која од погубните политики во изминатите 10 – 11 години ја доведоа оваа држава и граѓаните до ова дереџе и навистина некои работи се нелогични, ама ние како СДСМ и во изборната програма тоа го ставивме и рековме дека ќе се изврши трансформација на начинот на регулирање на привремениот престој на пратениците во РМ односно во Собранието.

Ова е правиот чекор, значи во писмото кое го доставив до моите колеги координатори, пишува: Ве молам имајте во предвид дека оваа проблематика бара блиска и плодна дебата меѓу сите пратенички групи, консензуално изнаоѓање на најадекватните решенија да ги разгледате доставените предлози и во размумен рок да ми одговорите за вашите размислувања и ставови. Доколку во разумен рок до крајов на месецов добиеме мислења и ставови околу одредени прашања јас сум спремен и тим од СДСМ, како пратеници да седнеме и да разговараме за посебна регулација на ова прашање, доколку не, тогаш како партија од мнозинството ќе предложиме нови законски решенија, односно нови одлуки од страна на Комисијата за избори и именувања со кое основната цел ќе биде да се намалат вкупните средства што се извојуваат за патни трошоци, а второ да се спречат сите злоупотреби кој очигледно во годиниве наназд биле реалност во овој законодавен дом.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2017 21:18