На шестата седница во Собранието на чиј дневен ред е разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски подвлече дека вчера лично Џафери како претседател на Собранието потпишал акт за распишување на локални избори, за, каде со самото потпишување на актот побарал од сите политички партии и институции да се почитуваат уставот и законите во Република Македонија.

- Е сега јас се надоврзувам на вашето барање за почитување на уставот и законите, но овој пат барањето е до вас. Тоа што вие вчера го побаравте денеска ќе биде прв испит дали сам ќе го почитувате, во насока на одлуката за распишување на локални избори, рече Димовски.

Почитувани колеги пратеници, почитувани претставници на медиумите изборниот законик во Република Македонија го регулира периодот од моментот на распишување на избори до момент на завршување на избори, додаде Димовски.

Во изборникот законик постои еден член 8 а, кој што вели од денот на донесување на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република, на пратеници, на локални избори, значи на сите видови избори, не може од денот на донесување на одлуката:

,,Да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи”, истакна Димовски.

Да ве потсетам владата на Република Македонија на 5-ти август, ден пред распишување на изборите на 4-ти август, на 3-ти август назначи најверојатно повеќе од 1000 членови на управни и надзорни одбори и стотина директори на испекторати, агенции на јавни претпријатија, заради тоа што владата знаеше дека последниот рок за спроведување на вакви постапки е ден пред распишување на изборите, посочи Димовски.

Исто така во текот на изборите од минатата година државната комисија за спречување на корупција издаде мислење по стотина точки,кои што се однесуваат на спроведување на постапки во тек на периодот на распишување до одржување на избори, практично даде забрана за спроведување на вакви постапки, а ваквите постапки кои што се започнати,како што вели законот се ставаат во мирување, додаде Димовски.

Вие сте дожни да го почитувате законот и сте дожни да го почитувате вашиот повик од вчера дека треба да се почитуваат уставот и закон и постапката која што ја тераме да ја ставите во мирување и да ја продолжите на 16-ти Октомври ден после завршување на локалните избори, потенцираше Димовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2017 12:54