Хаосот во културата продолжува. Бројот на партиски војници вработени како советници на Заев и Алаѓозовски вртоглаво расте, а сето тоа оди на сметка на граѓаните кои ќе плаќаат стотици милиони денари од буџетот секоја година за плати за војниците на Заев и СДС.

Алаѓозовски ангажираше советници како Ѓунер Исмаил, Мирослав Грчев, Златко Теодосиевски и Владе Милчин кои се со став дека спомениците на македонската историја и херои треба да се минираат, срушат и демолираат.

Својата советничка екипа во која вработува партиски војници и невладини платеници неодамна ја зголеми и Зоран Заев кој како свој личен специјален советник за култура ја вработи Цветанка Ласкова.

Цветанка Ласкова како советник за култура на Заев доаѓа со биографија во која е забележана просечна музичка кариера и голема заслуга за промовирање на шпанските сапуници во Македонија. Толку од достигнувањата на Ласкова во културата.

Прашуваме јавно, по кои критериуми се вработени овие партиски војници и извршители и што тие ќе ги советуваат Зоран Заев, Алаѓозовски и другите министри од неспособната влада на СДС?

Парите на граѓаните наместо да се користат за нови болници, градинки и спортски сали, ќе бидат користени за плаќање на партиски војници. Се кратат пари од буџетот за да има плата за Цветанка Ласкова како специјален советник за култура на Зоран Заев.

За ваквото неспособно работење на Заев, Алаѓозовски и СДС наскоро ќе следи политичка одговорност, а за сите незаконски вработувања и оштетувања на буџетот, ќе има и правна разрешница веднаш откако ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2017 15:26