Претседателот на собраниската комисија за труд и социјална политика, Владимир Ѓорчев денеска истакна дека граѓаните на РМ треба да бидат приоритет, а не странци, бидејќи во моментот има 218 илјади невработени.

Ѓорчев истакна дека со вчерашниот ребаланс на Буџетот скратени се огромни средства за повеќе ставки, средства кои треба да се искористат за граѓаните на РМ, а не за интеграција и вдомување на странци.

Тој потсети дека во 2017 предвидени се 71 проект, и оти од општините се бараат барем 100 единици локации да бидат достапни, локации за изградба на 100 згради. 100 отсто од средствата предввидени за ова ќе бидат државни пари.

Ѓорчев праша зошто овие средства не се пренаменати за вработувањ на граѓаните за РМ, за инфраструктурата во источниот дел на државата, или за депониите во Струга и Тетово.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2017 16:03