Членот 8а од Изборниот законик е многу јасен, тој не дозволува продолжување на постапките, во период од распишување на изборите, до одржување на изборите. Односно постапките кои се започнати се ставаат во мирување додека не завршат изборите.
Ова е многу јасно и концизно наведено во Изборниот законик кој што беше донесен со консензус од сите политички партии.
Одговорноста за динамиката на работа на Собранието на Република Македонија е кај парламентарното мнозинство, а не кај опозицијата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ не се криви за тоа што парламентарното мнозинство и СДСМ не го виделе овој закон и не го познаваат законодавството во Република Македонија.
Тому поради Членот 8а од Изборниот законик, Владата на Република Македонија на неколку дена пред распишување на изборите назначи повеќе од илјада членови на управни и надзорни одбори и стотина директори на агенции, јавни претпријатија и други институции.
За разлика од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, Владата знаеше дека последен рок за партиски вработувања е денот пред распишување на изборите, односно петти август.
Собранието на Република Македонија како највисок законодавен дом не смее да дозволи да се кршат законите и Уставот на Република Македонија само за нечии лични или партиски интереси.
Собранието на Република Македонија, пратениците и сите останати граѓани се должни да ги почитуваат законите и Уставот во Република Македонија.