Бројни угледни гости од светот на фудбалот вчера и денес ќе бидат во македонската метропола за еден од најголемите фудбалски клупски настани годинава, УЕФА Суперкупот. Меѓу нив и легендарниот сер Алекс Фергусон, најтрофејниот менаџер во историјата на Манчестер јунајтед кој во Скопје е да ги следи своите „црвени ѓаволи“, пишува Екипа.
Па, сер Алекс вечерва имаше средба и со првиот македонски селектор Андон Дончевски за време на гала вечерта која се организира пред утрешниот натпревар вечерва во хотелот „Мериот“ во Скопје. Сер Алекс и чичко Дончо на едно место, англиската и македонската легенда – повеќе од 100 години фудбалско искуство збрано на едно место!
Покрај нив, во Мериот беа забележани и Раул, Роберто Карлос, Бутрагењо и голем број на други светски имиња од фудбалскиот свет.
Извор: Екипа