Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски и официјално е нов член на португалскиот клуб Спортинг. Тимот од Лисабот и фицијално го претстави Ристовски како ново засилување.

Македонскиот фудбалер кој ги бранеше боите на хрватскиот шампион, Риека, потпиша едногодишен договор и ќе ги игра како позајмен играч до крајот на сезоната, со опција да биде целосно откупен на крајот од истата.

– Среќен сум што се реализира трансферот и ми се оствари сонот. Со нетрпене чекам да започнам, пристигнав во голем клуб. Верував дека ќе ми се укаже шанса и еден ден ќе потпишам за голем клуб како Спортинг. Сакам да го прикажам најдоброто од себе. Нема да давам ветувања, но можете да бидете сигурни дека ќе го дадам максимумот за овој дрес и овие фанови, изјави Ристовски.

Во недостаток на официјални информации околу трансферот на македонскиот репрезентативец, медиумите во Португалија, веќе излегоа со претпоставки дека

Спортинг го донесе Ристовски за сума од 3,5 милиони евра, но веднаш му постави откупна клаузула од фантастични 45 милиони евра. Според договорот, Ристовски ќе остане во Лисабон една сезона, а по нејзиниот крај, португалскиот клуб ќе одлучи дали ќе го задржи во своите редови, бидејќи има право на откуп на комплетниот негов договор од Риека.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2017 10:09