Странските медиуми се преполни со написи за денешниот спектакл во Скопје а некои од нив излегоа и со претпоставки за можните први состави на двата фудбалски гиганти.

Според спортските стручњаци за Реал Мадрид на теренот во првата постава ќе излезат Навас, Карвахал, Рамос, Варан, Марсело, Модриќ, Касемиро, Крос, Иско, Бензема и Бејл а се очекува во игра да влезе и Кристиано Роналдо во периодот меѓу 60 - тата и 70 - тата минута, доколку Реал Мадрид има поволен резултат до тој период од натпреварот. Доколку Реал Мадрид има негатива изразена со еден или два гола, можен е настап на Кристиано Роналдо уште на стартот на второто полувреме.

За Црвените ѓаволи пак, веројатниот прв состав со кој Жозе ќе се одлучи да настапи на Филип II Арената е: Де Геа, Валенсија, Линделоф, Смолинг, Блинд, Херера, Матиќ, Погба, Рашфорд, Лукаку и Михитарјан. Судија: Џанлука Роки од Италија.

Можни состави на Манчестер и Реал: Ако Реал губи, Кристиано ќе влезе во второто полувреме


Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2017 10:28