Кралевите со победата над Манчестер Јунајтед во УЕФА Супер купот нанижаа уште еден пехар во својата клубска историја а со овој трофеј запишаа и нова светска историја.

По одбраната на трофејот во Лигата на шампионите што за прв пат се случува во историјата на ова натпреварување (Според новиот формат на натпреварување) тоа му појде од рака и вечерва на Филип II Арената и во рамки на Супер Купот.

Во првиот дел од натпреварот доминацијата беше целосно под контрола на кралевите, а Манчестер јунајтед изгледаше изгубено на теренот. Дефанзивни, без закани и тактички поставени не успеаа да се снајдат во поле, а Реал тоа го искористи и дојде во предност од 1:0 во 24-тата минута преку голот на Каземиро. До крајот на првото полувреме, резултатот остана истиот а Реал Мадрид не успеа да го удвои иако за тоа имаше неколку чисти шанси.

На самиот старт на второто полувреме, Реал Мадрид повторно започна со фудбалски притисок што резултираше со брз гол на Иско во 52-та минута. Само неколку минути подоцна на спротивната страна по ударот на Рашфорд, топката отпадок наиде на Лукаку но не успеа да стрела прецизно од седум-осум метри во ситуација кога Навас не беше подготовен да го брани својот гол. За среќа на Манчестер од иста таква ситуација во 62-тата минута по одбиена топка, Лукаку се најде на вистинското место и успеа да го совлада Навас и да ја врати неизвесноста на натпреварот.

До крајот на натпреварот Манчестер ја превзема иницијативата но и Реал Мадрид креираше свои шанси. Сепак конечниот резултат остана 2:1 а Реал Мадрид ја запиша 4-тата титула во ова натпреварување и стана првиот клуб кој едноподруго го освоил овој „ревијален“ трофеј на УЕФА.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2017 20:39