СДС не може да го сокрие фактот дека подготвува стратегија за мигранти и бегалци со која се подготвува терен за населување на 150.000 мигранти на територија на Република Македонија.

Мила Царовска целосно неодговорно се обидува да го игнорира мислењето на народот и да спроведе стратегија спротивно со волјата на народот.

Со оваа стратегија во опасност се доведува целокупниот безбедносен, здравствен и економски систем. Македонија од транзитна земја ќе стане земја во која постојано ќе се населат мигрантите. Според планот во стратегијата мигрантите ќе добијат право на државјанство со што ќе станат обврска на државата за нивна грижа за вработување во ситуација кога се уште невработеноста во Македонија е голема.

Граѓаните секој ден се поизненадени од негрижата и неодговорноста од работењето на власта на СДС.

ВМРО-ДПМНЕ се залага приоритет да биде грижата за граѓаните на Република Македонија и за нив да се обезбедат подобри услови за живот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2017 13:26