Најостро да реагирам на начинот на којшто господинот Талат Џафери денеска и во последниот период ги води седниците и управува со Собранието на Република Македонија.

Прво сакам да ви ги кажам причините зошто е нервозата која што господинот Талат Џафери ја неметнува во работата на Собранието.

Прво очигледно е дека ниту тој, ниту парламентарното мнозинство не биле свесни и не го виделе членот 8-а од Изборниот законик со кој што се ставаат во мирување сите вакви постапки.

Имајќи ја напамет одговорноста спрема своите политички партии и спрема Владата, како иницијатори за разрешувањето на Марко Зврлевски, којшто во конкретниов случај е ирелевантен како тема, господинот Талат Џафери и парламентарното мнозинство свесно влегуваат во кршење на Изборниот законик, а тоа обвинување го префрлаат на нас.

Се заради тоа што не го виделе овој член од законот, за што сами се одговорни и си носат одговорност пред Владата, пред своите партии итн, пред граѓаните.

Второ, што нас ни станува јасно е дека господинот Талат Џафери и парламентарниото мнозинство се обидуваат на секој можен начин во Собранието да се разговара за било што освен за трите клучни политички теми во моментов. Трите клучни политички теми во моментов се, прво неуставниот закон за јазици, второ националната стратегија за населување на мигранитите во Република Македонија, со којашто Владата предвидува и делење на државјанства и вработувања и соцјални пакети и изградба на мигрантски кампови и третатата е штетниот договор кој што Владата го склучи со Република Бугарија и се откажа од македонското малцинство во Бугарија, се откажа од многу позиции коишто значат зачувување на државниот и национален интерес.

Оттука оваа нервоза којашто се наметнува во Собрание ние апелирале да заврши ден поскоро доколку некој нема капацитет да се носи со својата одговорност треба да биде свесен за тоа, доколку некој нема капацитет да се носи со својот карактер избувлив дух или нервозна динамика на функционирање треба да се носи со тоа, посебно во еден Парламент како овој во кој што практично во овие 60-тина дена одкога господинот Џафери свикува седници на Собранието има повикано повеќе пати обезбедување да влезе внатре во сала отколку сите претседатели на парламентот во Република Македонија во последните 25-6 години. ОД времетто на господинот Старова, Минчев, Андов, итн до последниот претседател Трајко Велјановски.

Цениме и апелираме до господинот Џафери својата одговорност со динамиката на седниците на Собрание да не ја префрлува ниту на пратениците од Коалицијата „За подобра Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ, но исто така да не ја префрлува нити на пратениците од ДУИ, ниту на пратениците од СДСМ, ниту на пратениците од БЕСА, или било кое движење, туку да ја прифати таа одговорност и да се однесува одговорно спрема Собранието. Тој е само еден еднаков на сите други 119. Заради тоа што зад секој од 120те пратеници од ова собрание стои еднаков број на граѓани со целосен легитимитет и легалитет во постапувањето.

Господинот Џафери узурпирајќи го местото на кое што седи има обврска само да го почитува Деловникот тој не може да бира кој кога ќе зборува тој има правилник за спроведување во таа смисла, затоа тој најмногу од сите има обврска да се грижи за ред и поредокот во Собранието, но и за мир и соработка помеѓу пратеничките групи, и тој најмногу од било кој досега има обврска да се грижи за легитимитетот и легалитетот на постапката. Заради тоа што и позицијата која што ја узурпира ја доби во немирна постапка којашто предизвика многу штети и последици за Република Македонија и во незаконска постапка која што ќе се влече како опашка зад неговиот таканаречен избор.

Затоа апелираме да се однесува според Деловникот, според Законот и да не помислува дека може да си подигрува со волјата на 450 илјади граѓани којшто стојат зад оваа пратеничка група од 51 човек.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2017 17:12