Социјалдемократскиот сојуз прави хаос во МВР и го претвора министерството во огранок на партијата. Спасовски го партизира министерството и ги деградира професионалците, за сметка на партиски послушници.

Оливер Спасовски и СДС во само два месеци на власт во МВР извршија голем број на деградирање во кариерата за неколку места на врвни и докажани професионалци, за на нивно место да унапредуваат луѓе блиски до СДС.

Според нашите информации Оливер Спасовски спротивно на систем на кариера и Законот за внатрешни работи поделил над 500 решенија, унапредувајќи партиски послушници и по 4-5 скалила, што е целосно против правно и недозволиво.

Со ваквото однесување Оливер Спасовски и СДС директно го загрозуваат безбедносниот систем и го доведуваат во опасност и јавниот ред и мир на граѓаните. Затоа два ипол месеци МВР нема ниту една реализација на откриена недозволена трговија со наркотици. Затоа МВР не може да ги открие сторителите на вандалскиот чин со демолирањето на православните гробишта во Љуботен. Затоа МВР не може да открие, да ги спречи и санкционира оние кои неодговорно се однесуваат и предизвикуваат пожари поради кои Македонија е во пламен.

Системот по кој што работи Оливер Спасовски е познат. Неговите најблиски соработници ги повикуваат вработените и под закани и уцени ги принудуваат сами да поднесат барање за прераспоредување. Пораката што им ја упатуваат е една. Или сами ќе си поднесете барање или ќе видите што ќе ве снајде. Гревот на сите оние кои треба да бидат сменети е затоа што професионално си ја вршеле работата.

Тоа што следи после е пополнување на испразнетите места со партиски послушници.

Спасовски именува луѓе, без да се објави интерен конкурс и поставува кадри кои немаат соодветно образование и потенцијал, а нивна единствена заслуга е тоа што се блиски до СДС.

ВМРО-ДПМНЕ апелира да престане кршењето на законите и партизацијата во МВР.

ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека Република Македонија е правна држава и секој треба да работи согласно Уставот и закон, и никако поинаку. Секое работење надвор од она што законски е предвидено ќе биде санкционирано со враќањето на правната државата и владеењето на правото.

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува и меѓународната заедница да го нотира и да реагира на ваквиот груб акт на партизација на МВР од страна на Оливер Спасовски и СДС. Партизацијата на МВР е недозволива и надвор од сите меѓународни норми во демократските држави.

Социјалдемократскиот сојуз и сите прекршители на законите ќе сносат одговорност за своите постапки. Заради ваквата неодговорност и неспособност СДС ќе се соочи и со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимирана од страна на граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2017 16:22