Управата за јавни приходи (УЈП) објави нова листа на должници за долгови доспеани до 31 април и неплатени до 31 јули, на основа на данок на додадена вредност, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ е повисок од 120.000 денари за физичките лица и за самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На листата има повеќе од 4.000 должници, меѓу кои има државни компании, но и познати бизнисмени и приватни компании.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2017 11:08