ВМРО ДПМНЕ треба да престане да го штити Марко Зврлевски и криминалот во оваа земја. За жал пратениците на оваа партија се инструментализирани и преку обид да направат тотална блокада на Собранието делуваат всушност единствено во заштита на криминалот на нивното партиско раководство.

Ние сме свесни дека раководството на ВМРО ДПМНЕ е исклучително нервозно поради судските процеси што ги чекаат. Но, нивната нервоза нема да ја спречи правдата и нема да спречи конечно во Македонија сите да бидат еднакви пред законот и еднакво да одговараат за своите постапки.

Затоа на пратениците на ВМРО ДПМНЕ им препорачуваме да ја сменат реториката, начинот на своето обраќање, поведението во Собранието и нивниот начин на Собраниско функционирање со којшто се обидуваат да предизвикаат инцидент во парламентарната сала.

Доколку навистина веруваат дека нивното толкување на членот 8а од Изборниот законик е такво какво што е и дека разрешувањето на Марко Зврлевски би било незаконито тоа е причина повеќе да се повлечат бесмилсмените дебати, реторики, реплики и контрареплики на самите себе и ако е навистина незаконито тоа разрешување да може Марко Зврлевски и утре да си поведе постапка за таква незаконитост.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2017 15:45